Придружи ни се

Лугола заклучно со 1ви јануари 2008г. нема да има членство по принципот на членување во изминатите години. Секој кој сака да биде дел од Лугола е добредојден да ги помогне нашите активности и да се вклучи во користењето и промовирањето на GNU/Linux и останатиот слободен софтвер. Најблиску до членување во Лугола денес би било да нѐ поддржите преку помагање на нашите активности (за кои ќе бидете известени преку овој сајт), преку режење дискови, насочување на корисниците на GNU/Linux да се обратат кон Лугола за било каква помош, па се до финансиска поддршка. Така Вие давате сигнал дека ја цените работата на активистите од Лугола и ќе бидете во тек каде и што ќе работиме.

Доколку Вие сакате да ни се придружите, овојпат ќе треба да покажете дека сте сериозни во таа намера. Ќе дојдете на некој од настаните што во иднина ќе ги организираме, ќе делите дискови, летоци и други пропагандни материјали. Така ќе сметаме дека сте дел од Лугола и ќе бидете регистрирани на сите онлајн ресурси кои групата ги користи за организирање, од кои дел не сите се јавни. Или донирајте. Барем за нас знаете дека парите нема да ги искористиме за одмор на Фиџи, финансиите повторно ќе ги искористиме за Ваше добро. Така ќе знаеме дека сте дел од Лугола.

Активистите од Лугола се во перманентно организирање на активности за промоција на заложби и идеологијата на движењето за слободен софтвер, сите новитети ќе бидат објавени на овој сајт.