поддршка |
Поминаа 12 дена откако го објавивме првиот број на Лугархија. Имаме одговорност да Ви ги соопштиме првичните реакции кои ги добивме и кои ни велат дека ретко кој дава негативна критика за целата идеја и квалитетот на тоа што го објавивме. На самиот сајт на езинот за 10 дена имаме над 600 посети. Најголем број се преку директен пристап на поддоменот, а останатите од линкање преку банери со сајтови со кои соработуваме. Претпоставуваме дека барем 2/3 од посетителите го прочитале магазинот и имаат што да кажат за него. Доколку имате идеја, критика или пак текст кој сакате да се објави во езинот, контактирајте нѐ и ќе добиете одговор веднаш. Заедницата ни испраќа е-пошта со позитивни реакции за езинот. Останува да работиме на следниот ноемвриски број, да го зголемиме бројот на страници и да го задржиме (или оформиме) квалитетот на Лугархија. Очекувајте многу повеќе знаење кое сме спремни да го споделиме со Вас, затоа што знаењето е ВАШЕ ;) |
|||




