вебсајт

Големата миграција 2

Почитувани

Изминатиот нецел месец Лугола имаше големи проблеми со хостинг компанијата каде од пред 2 години ги хостиравме сајтовите на групата. Најважни ресурси за нас беа официјалниот сајт на Лугола (www.lugola.net) и Вики за слободен софтвер (wiki.lugola.net) кои од средината на месец август па се досега беа суспендирани поради, наводно, прекршени права за користење на услуги на компанијата IXWebHosting (понатаму IXWH). Имено, поради престарите софтверски пакети на серверите на IXWH, бевме под постојан напад на кракери и фишери кои поставуваа злонамерни содржини на нашиот сајт. Се обидувавме да го решиме тоа на секој можен начин, ги гоневме таквите содржини и враќавме сѐ на свое место. Истовремено ги известувавме и надлежните од IXWH за проблемот со кој се соочувавме.

Кон 20ти август сите сметки на Лугола, заедно со сите поддомени на официјалниот сајт беа суспендирани. Не бевме во можност да одговориме веднаш, но сега, откако работите се вратија во нормала Ви ветуваме дека за најбрзо можно време ќе ги добиеме сите ресурси со кои располага заедницата на слободен софтвер во Македонија, особено Викито како место за помош на корисници на слободен софтвер. Заедницата на Македонија се покажа како стабилна и за хостирањето на сајтот на Лугола и Викито ни овозможи простор и услуги кои ги користат и други сајтови и сервиси во Македонија.

Покрај тоа што Ве советуваме, никогаш да не хостирате свој сајт на ixwebhosting.com или startlogic.com, Ве повикуваме да ни помогнете во ревитализацијата на содржините на www.lugola.net и wiki.lugola.net преку пријавување на грешки и дооформување на постоечките содржини.

Александар Балаловски, координатор

Syndicate content